Економски раст од 4,1 отсто

Bez autora
Dec 14 2014

Раст од 4,1 отсто остварила македонската економија во третиот квартал од годинава, објави вчера Државниот завод за статистика. Моторот на економскиот раст овој пат е во секторот преработувачка индустрија, која во третото тримесечје од 2014 година забележала плус од 16,6 отсто. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје номинално расте за 1,7 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 67,9 отсто, се вели во соопштението од статистика. Во третиот квартал извозот на стоки и на услуги номинално се зголемил за 13,6 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележал зголемување во номинален износ од 10,8 отсто.

Економски раст од 4,1 отстоРаст од 4,1 отсто остварила македонската економија во третиот квартал од годинава, објави вчера Државниот завод за статистика.

Моторот на економскиот раст овој пат е во секторот преработувачка индустрија, која во третото тримесечје од 2014 година забележала плус од 16,6 отсто.

„Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје номинално расте за 1,7 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 67,9 отсто“, се вели во соопштението од статистика. Во третиот квартал извозот на стоки и на услуги номинално се зголемил за 13,6 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележал зголемување во номинален износ од 10,8 отсто.

Од Заводот информираат дека тримесечните податоци за БДП во ова соопштение се подготвени според методологијата Европски систем на сметки (ЕСА 2010), а како резултат на спроведената ревизија на годишните податоци според оваа методологија.

Инаку, според најновите ревидирани податоци, во првото тримесечје од годинава економијата пораснала за 3,2 отсто, додека, пак, во вториот квартал сме имале раст од 4,4 отсто, по што следува третиот квартал со 4,1 отсто. Или, ако се извади просек, македонската економија во првите три квартали има пораст од 3,9 отсто.

Ако се погледне претходното соопштение, се гледа дека сега за првиот квартал растот, всушност, е ревидиран надолу бидејќи претходно бил 3,5 отсто, додека за вториот е коригиран нагоре, откако претходно бил 4,3 отсто.

Гледано по сектори, (при што сите имаат пораст), може да се издвои земјоделството, каде што во третиот квартал растот е исклучително слаб и изнесува само 0,3 отсто, што следува по одличните 9,2 отсто во вториот квартал и 3,2 отсто во првиот.

Рударството, заедно со преработувачката индустрија и снабдувањето со струја и со вода, вкупно имаат раст од 5,8 отсто во третиот квартал, исто колку и во вториот. А, гледана само преработувачката индустрија во овие рамки, таа има раст од 16,6 отсто, по, исто така, одличните 11,3 отсто во вториот квартал и 8,2 отсто во вториот.

И градежништвото, кое лани беше локомотивата на растот, во третиот квартал од годинава има слаб раст од 2,6 отсто, што следува по 0,5 отсто во вториот квартал и 9,3 отсто во првиот.

Трговијата во третиот квартал пораснала за 2,9 отсто, информациите и комуникациите имаат раст за 4 отсто, финансиските дејности и осигурувањето 7,5 отсто, дејностите на недвижен имот за 2,8 отсто, стручнонаучните дејности за 8,2 отсто, дејностите на јавната управа за 0,8 отсто, а одличен раст има уметноста, забавата и рекреацијата, и тоа за 11,6 отсто во третиот квартал.

Инаку, Евростат уште пред околу еден месец ги објави бројките за раст на европските економии, кои покажаа дека, благодарение на економијата на Франција и излегувањето на Грција од рецесијата, членките на еврозоната во третото тримесечје оваа година забележале поголем раст од предвиденото. Европската комисија е охрабрена со новите податоци, но предупредува дека е неопходно да се продолжи со структурни реформи и со поголем прилив на директни инвестиции.

Според податоците на агенцијата за статистика на Европската унија, земјите на еврозоната во периодот од јули до септември забележале раст од 0,2 отсто, а на годишно ниво за 0,8 отсто.

Германија избегна најлошо сценарио на рецесија. Сепак, нејзината индустрија сериозно ја погодуваат санкциите воведени на Русија, па во третото тримесечје бележи раст од само 0,1 отсто. Нешто подобри податоци има втората европска економија, Франција, со раст од 0,3 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik